Ракомет

Богдан Радивојевиќ и наредната сезона ќе го носи дресот на Е.Пелистер

Богдан Радивојевиќ и наредната сезона ќе го носи дресот на Е.Пелистер

Богдан Радивојевиќ и во натпреварувачката 2024/2025 ќе го носи дресот на актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер.

Богдан и клубот од Битола си подадоа рака за нова едногодишна соработка до јули 2025 година.

Тој во Пелистер дојде од Пик Сегед од Унгарија, а претходно во кариерата играше за германските гиганти Рајн Некар Левен и Флензбург како и за Партизан во неговата татковина.

Претходно „фармацевтите“ го продолжија договорот и со Нејц Цехте, а беа донесени кружниот напаѓач Кајо Цикатиќ како и голманите, Никола Митревски и Филип Ивиќ.

To top