Ракомет

Билетите за ракометното СП во Вараждин чинат од 50 до 70 евра

Билетите за ракометното СП во Вараждин чинат од 50 до 70 евра

Љубителите на ракометот од денеска можат да купат билети за натпреварите на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство што ќе се одржи во јануари идната година. Македонија во групната фаза ќе се натпреварува во хрватскиот град Вараждин.

Денеска стартуваше продажбата на билетите за ракометниот мундијал, а цената изнесува од 50 до 70 евра за еден ден во зависност од местото на седење.

Тоа значи дека ако еден македонски навивач сака да купи билети за сите три натпревари на нашиот тим од групната фаза ќе мора да издвои од 150 до 210 евра. Во салата во Вараждин за македонските навивачи резервиран е секторот К, а билетите можат да се купат на интернет страницата улазнице.хр.

Македонија се натпреварува во рамки на групата Д, па на 15 јануари во 1.коло ќе се соочиме со Унгарија, два дена подоцна играме со Холандија, додека во последното коло на 19. Јануари ќе ги одмериме силите со Гвинеја. Првите три репрезентации од групите одат во главната фаза, а освен Хрватска, турнирот се игра и во Данска и Норвешка.

To top