Ракомет

Атанасијевиќ: Подготвени сме да дадеме се од себе против Динамо Букурешт

Атанасијевиќ: Подготвени сме да дадеме се од себе против Динамо Букурешт

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес ги очекува третиот предизвик во Лигата на шампионите. Гостување во Букурешт против Динамо .

Од таборот на македонскиот шампион, го респектираат противникот, и најавуваат дека ќе дадат максимум за добар резултат на крајот.

„Се подготвуваме чекор по чекор, се спремаме силно за овој предизвик. Во кус период имаме многу тешки натпревари.  Играме против тим кој има многу добри играчи, и на нас добро познати, играат модерен ракомет. Ќе биде тешко против нив, но ние ќе го дадеме максуимумот за да дојдеме до добар резултат“, рече ракометарот на Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ.

To top