Ракомет

Aтанасијевиќ: Немавме среќа за победа!

Aтанасијевиќ: Немавме среќа за победа!

Павле Атанасијевиќ го одигра еден од најефикасните натпревари во својата репрезентативна кариера. Поради повредите на неговиот брат и Џонов, тој во второто полувреме мораше да игра на левата крилна позиција.

„Имавме осцилации цел меч, така што се вративме од минус пет, верувавме дека можеме во тоа и да го добиеме мечот. Тоа е. Немавме можеби среќа на крајот за победа. Бод е бод, така што одиме понатаму. Бодот ни значи многу за нас, затоа што дојдовме од минус пет до нерешено. Имавме скоро и напад за победа, така што многу значи. За другото, ќе видиме деновиве“, рече ракометарот на нашата репрезентација.

To top