Членот на македонската машка ракометна репрезентација Павле Атанасијевиќ истакна дека ракометарите го дадоа максимумот на теренот против Данска и сега фокусот ќе им биде само на натпреварот со Португалија.
„Мора да сфатиме дека Данска е олимписки и светски првак со причина. Дадовме наш максимум, беа подобри од нас во транзиција, но мислам дека имаме уште многу пред себе.
Сега фокусот ни е со Португалија. Убаво е да се игра пред полна сала, 15.000 гледачи, сите имавме шанса од селекторот, сите дадовме се од себе. Мора да имаме фокус 200% за да одиме во другата рунда на следните мечеви“, рече македонскиот ракометар.