Еурофарм.Пелистер го забележа и 12. пораз во Лига на шампионите сезонава во исто толку свои натпревари. Битолчани вечерва загубија со 29-23 на гостувањето против германскиот ракометен гигант Кил.
Тренерот Бранислав Ангеловски на прес-конференцијата по мечот нагласи дека не е задоволен од играта на неговиот тим во првото полувреме кое и го одлучи победникот на натпреварот.
„Игравме против, според мене, најдобриот тим во светот. Секако дека не сум задоволен од нашата игра во првото полувреме, имавме многу технички грешки и лесно дозволивме домашните да дојдат до убедлива предност. Во второто полувреме одигравме далеку подобро, но јасно е дека тоа не може да биде доволно за позитивен резултат. Во секој случај честитки за заслужената победа на Кил“ – рече Ангеловски.