Тренерот на Еурофарм Пелистер Бранко Ангеловски победата им ја посвети на фановите, а ги издвои Кузмановски и Тајник од остатокот на тимот.
„И во првото полувреме бевме агресивни, но голманите одбранија само една топка. Влеговме во серија без лесен гол. Во првиот дел имавме проблем со две измени одбрана-напад. Во вториот дел игравме без измена, влечевме контра и полуконтра, игравме побрзо и заслужено победивме. Капитенот Кузмановски одигра капитенски, но морам да го пофалам и Тајник. Последната ротација со Радивојевиќ вроди со плод со уште два гола. Можеби имаше простор за поголема ротација, но натпреарот налагаше ваков тек. Среќен бев и со победа од еден разлика, но со нашите верни навивачи е полесно. Ним им ја посветувам оваа победа“, изјави за Gol.mk, Бранислав Ангеловски.