Ракомет

Ангеловски: Нè чека тешка, возбудлива и интересна сезона

Ангеловски: Нè чека тешка, возбудлива и интересна сезона

Во пресрет на новата сезона своевидна анализа на сработеното од подготовките и тестовите тренерот на македонскиот ракометен шампион Бранислав Ангеловски најави возбудлива и интересна сезона во машкиот ракометен шампионат.

„Турнирите беа одбрани од мене и стручниот тим. Задоволство беше да се игра на трите квалитетни турнири. Нашата замисла беше да направиме некоја ситуација која ќе нè чека годинава. Првенството ќе биде тешко, но и доста поинтересно. За системот натпреварување среда-сабота мораше да се подготвиме и да го изменаџираме со овие припреми, со многу пријателски натпревари со различен итп на екипи.

Презадоволен сум од прикажаното. Можеби овој висок пораз од Загреб дојде како последен тест, но се насобра целото отсуство од дома и натпреварите ден за ден. Набрзо мислам ќе се заборави со мечот во Суперкупот против Алкалоид“, изјави Ангеловски.

To top