Ракометниот шампион на Македонија во машка конкуренција, Е. Пелистер ќе го пречека Пари Сен Жермен во првиот натпревар за 2024 година во ракометната Лига на шампионите.
По големата победа во дербито со Вардар, битолчани со голема самодоверба влегуваат во мечот против големиот фаворитот. Но, тренерот Бранче Ангеловски нагласува дека и тоа како има мотив за надигрување со ПСЖ кај секој поединец во клубот.
„Мечот ќе биде празник на ракометот во нашиот град. Доаѓа една од најдобрите екипи во Европа, со најдобрите ракометари и не можевме да посакаме подобар тајминг, по успехот на Франција на Европското првенство. Мило ми е што доаѓа еден Никола Карабатиќ во последната играчка сезона“ – вели стратегот на „пелистерци“, Ангеловски, притоа дополнувајќи:
„Секоја нова сезона во Лигата на шампионите е поинтересна и појака, а ПСЖ секогаш е еден од фаворитите за освојување на трофејот. Имаат одлична екипа, со брза транзиција, брза полуконтра и организиран брз центар. Имаат играчи од светска класа на сите позиции и ќе ми биде задоволство да се натпреваруваме со такви величини на играчи и тренер