Актуелниот тренер на Еурофарм Пелистер Бранислав Ангеловски е убеден дека се движат во вистински правец и дека наскоро како група ќе се израдуваат на првиот триумф во елитното натпреварување.
-Сакам да им се заблагодарам на играчите кои веруваат во тоа што го работиме на тренинг. Веруваат дека сме многу блиску до таа победа и убеден сум дека за краток рок ќе дојдеме до неа. Победата ја заслужуваат сите, првенствено навачите и сите битолчани кои се осми играч. Во овој период најважно е да останеме мирни и фокусирани за да бидеме сплотени. Во ЛШ има силни ривали, ние треба да го билдаме нашето име и да направиме респектабилна екипа за годините кои следат. Сметам дека имаме иднина, со добра работа и овие натпревари може да ни дадат за право да се надеваме дека во иднина ќе бидеме уште подобри, -рече Ангеловски кој говореше и за новото засилување Филип Кузмановски.
-Самото доаѓање на Кузмановски ја подгреа целата атмосфера. Соблекувалната одреагира многу добро. Работата околу него беше во тајност околу еден месец. Моментот кога излезе имаме можност да дојде кај нас, најсреќни беа неговите сегашни соиграчи. Тоа ми даде желба и елан дека можеме многу да направиме. Најважно е дека го имаме тука и сигурно во иднина ќе бидеме уште подобри. Го имаме во ротација заедно со Тајник, тука е Танкоски, имаме три исклучителни средни бекови. Кузмановски кможе да покрие и на лев бек, па се надевам ќе се крене до посакуваната форма и ќе го имаме на уште повисоко ниво, -заклучи Ангеловски.