Ракомет

Ангеловски: Да го повториме добриот меч од Париз

Ангеловски: Да го повториме добриот меч од Париз

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер Бранислав Ангеловски посакува меч како против ШСЖ во Париз каде се загуби со тесна разлика и се покажа голема борба.

„Сакам веднаш да испратам повик до нашите верни навивачи. Би сакал натпреварот во Париз да биде само една најава за она што следува в среда. Трибините да бидат полни и сигурен сум дека со нашиот осми, деветти играч можеме да повториме уште еден добар натпревар како тој во Париз и да се надеваме на поволен резултат, а тоа е победа“, рече Ангеловски.

Предводникот на битолчани потоа зборуваше за можноста десниот бек, Усама Хосни, да настапи в среда притив „мечките“ од Берлин.

„Не можам да кажам дали Усама Хосни ќе игра. Тој е три недели надвор од тренажен процес. Даде позитивни сигнали, но далеку е натпреварот. Ни требаат шеснаесет „војници“ за противник како Фуксе Берлин. Сигурно дека ќе треба и тактички, и физички и ментално да бидеме подготвени“, заврши битолчанецот.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин се игра во салата „Боро Чурлевски“ во среда од 20:45 часот.

To top