Тренерот на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски, по првит бод во Лигата на шампионите беше задоволен на крајот на средбата.
Битолчани имаа огромен пад во играта во напад и беа на прагот на пораз, но со три гола во последните 80-тина секунди од мечот со Спортинг Лисабон и ја прекинаа црната серија од 17 порази по ред во ЛШ.
„Освоивме бод голем како куќа. Конечно тргнавме едно бреме, го тргнавме притисокот кој се рефлектираше на нашата игра и резултати. Морам да им се заблагодарам на моите борци кои веруваа до крај во позитивен резултат. Игравме против силен тим, Спортинг во последните 20 меча има 18 победи, еден пораз од Барса, и сега реми со нас“, изјави Ангеловски.