Ракомет

Алушовски: Правевме многу глупости на почеток, но покажавме карактер и квалитет!

Алушовски: Правевме многу глупости на почеток, но покажавме карактер и квалитет!

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Е.Пелистер Стевче Алушовски можеше уште еднаш да го види квалитетот на пелистерци по преземањето на тимот, а ПСЖ беше добра проверка пред дербито против Вардар, по настапот во Купот на Македонија

„Ова беше феноменален натпревар. Можам само да им честитам на ракометарите. Покажавме огромен карактер, и кога губевме со два гола разлика на само една и пол минута до крајот, верувавме во себе и се вративме.

Бевме нервозни на почетокот, правевме грешки, кои според мене не се грешки туку глупости, но кога играш против ПСЖ и во ваква атмосфера, нормално е фокусот и главата да не ви бидат тука. Меѓутоа мислам дека од ден во ден екипата расте, почнуваме да веруваме во она што го работиме и во нашиот систем. Голема благодарност до битолчани, беше задоволство да се води оваа екипа од клупата“.

To top