По крајот на натпреварот со Барселона на прес-конференцијата краток и јасен беше тренерот на пелистерци Стевче Алушовски, кој кажа:
„Сакам да ѝ ја честитам победата на Барселона. Тие беа подобри во секој аспект на ракометната игра. Имавме многу бавен напад, не бевме доволно агресивни во играта во одбрана.
Мислам дека го срушивме рекордот на Загреб и примивме 47 гола. Едноставно, кога играте во Барселона без одбрана, не можете да се надевате на некаков позитивен резултат“.
Пелистерци ја завршија групната фаза со шест бода, со две победи и две ремија. Време за одмор за нив нема бидејќи веќе в недела се игра големото дерби против Вардар во Суперлигата на Македонија.