Ракомет

Алкалоид поразен од Хановер

Алкалоид поразен од Хановер

Ракометарите на Алкалоид го започнаа своето европско патување во квалификациите за Европската лига на ЕХФ со гостување кај силниот бундеслигаш Хановер Бургдорф, но не успеаја да стигнат до позитивен резултат во првиот меч од двомечот 27-37.

Реваншот ќе се одигра за седум дена во салата „Автокоманда“ во Скопје, каде македонскиот претставник ќе се обиде да анулира значителен заостаток и да обезбеди пласман во групната фаза.

Тордарсон беше одличен кај Алкалоид со 10 постигнати гола, а го следеше Борзаш со вкупно четири реализации.

Кај Хановер, Штајнхаузер имаше 11 гола, пред Ушинс со вкупно осум постигнати гола.

 

To top