Ракомет

Алкалоид ја загуби и втората битка со Силкеборг

Алкалоид ја загуби и втората битка со Силкеборг

Македонскиот ракометен клуб, Алкалоид со пораз се враќа од гостувањето кај Бјерингбро-Силкеборг, загуби со 35-31 во натпревар од четвртото коло во Европската лига.

Лошиот влез во второто полувреме беше главната причина за поразот на Алкалоид. Во тој дел од мечот Бјерингбро-Силкеборг направи серија од 5-0, поведе со 22-16 и предноста ја одржа до крајот.

Во првото полувреме Алкалоид беше рамноправен противник со данскиот тим, на полувремето домаќинот имаше предност од само еден разлика 17-16. Но, работите се променија во вториот дел кога момците на Кире Лазаров не успеаа да го одржат нивото и на крајот загубија со 35-31.

Марко Митев со девет гола од девет шута беше најдобриот ракометар кај Алкалоид, по четири погоодци постигнаа Џонов, Серафимов и Бинго.

По четири одиграни кола Алкалоид има освоено само еден бод, во следното коло гостува кај Војводина во Нови Сад.

To top