Македонскиот вицепрвак Алкалоид ја темпира формата за главните предизвици во новата сезона на Суперлигата, натпреварите од плеј-офот. По ланскиот успех, одново четата на Кирил Лазаров има високи амбиции да парира на „вечните“ ривали.
Алкалоид се екипираше по крајот на настапите на Македонија на Европското првенство. Селекторот Лазаров се врати на клупските обврски и екипата тренираше во Скопје, во салата „Автокоманда“.
Откако се комплетираше првата подготвителна фаза, сега Алкалоид отпатува во Србија. Тренинг кампот на вицепрвакот се пресели во Стара Пазова, која нуди одличен спортски центар во кој се подготвуваше и репрезентацијата на Македонија.
За време на престојот во Србија се планирани и неколку контролни натпревари.