Алкалоид на пенали го победи Пелистер и го освои ракометниот Куп на Македонија, за тимот од Автокоманда ова е прв трофеј во сениорска конкуренција.
Натпреварот беше исклучително неизвесен, заврши нерешено 22-22, па пеналите го решаваа победникот. Во нив херој беше голманот на Алкалоид, Галевски кој одбрани два пенали на пелистерци и го донесе трфеојот.
Серијата почна со две одбрани, Лесјак и Галевски ги одбранија ударите на Серафимов и Кузмановски, во третата серија промашија и Радивојевиќ и Дамјан Митев, Галевски го одбрани ударот на Шорговски, а точка стави Џонов кој погоди за 3-1 и победа на Алкалоид.
Галевски ја доби наградата за најдобар голман, МВП трофејот му припадна на Филип Кузмановски, а Богдан Радивојевиќ ја доби наградата за најдобар стрелец.