АЕК од Атина е патникот во полуфиналето на Европскиот куп на ЕХФ. Тимот од грчката престолнина го совлада белградски Партизан во четвртфиналето, а до победата дојде по голема драма и подобро изведување пенали.
Партизан успеа да слави со пет гола разлика (24-19), исто колку што загуби на првиот меч, па на тој начин мечот отиде во продолжение и пенал-рулет, во кој поумешен беше грчкиот тим.
Следен предизвик за АЕК во Европскиот куп ќе биде тимот на Извиѓач. Нашиот Алкалоид ја сочинува втората полуфинална двојка и ќе излезе на мегдан со норвешкиот Рунар..