Екипата на хрватски Нексе го претрпе клучниот пораз поради што наместо на првото групата од Европската лига ја заврши на третото место, откако загуби на гостувањето кај шведски Савехоф (28-34).
Тоа беше возбудлив меч кој поради големиот влог се играше буквално „на нож“, за што говори и големиот инцидент на крајот кога еден од гостинските ракометари тргна да се тепа со домашните навивачи.
Станува збор за 39-годишниот Фахрудин Мелиќ, кој во еден момент ги прескокна светлечките реклами и сам тргна кон фановите на Савехов, кои постојано го провоцираа со балкански пцовки.
Брзата реакција на обезбедувањето и на неговите соиграчи спречија инцидент од поголеми размери, а ова беше само решавање на нерасчистени сметки по сличниот ваков испад на Мелиќ во „Партиле Арена“ пред две сезони.
Andra gången på 2 år som han inte klarar av lite hets😴 pic.twitter.com/OwnzYxUnOv
— Oscar Ernelind (@Oscarernelind) March 5, 2024