Шкупи трет пат во низа славеше во дерби пресметките со Вардар, тим кој денеска дојде да игра цврст и дефанзивен фудбал на Чаир, но таквиот пристап сепак не вроди со плод.
Вардар се покажа во добро и коректно светло, но раниот погодок на Воша им донесе мир на домашните фудбалери, кои потоа ја потврдија победата со голот на Кука на 16 минути пред крајот.
Со овој триумф, Шкупи се искачи на првото место на табелата во Првата македонска фудаблска лига, натпреварување во кое врвот го предаде Шкендија која денеска загуби од Струга.
Тетовчани поведоа со голот на Красничи од пенал, но Чинари заработи директен црвен картон во 62-та минута, по што следеше брз пресврт на актуелниот македонски шампион.
Струга се врати во игра со голот на Компаоре во 73-та минута, а 120 секунди подоцна целосниот пресврт го комплетираше Радески за конечни 2:1.