Еден од најголемите фитнес митови е дека кардиото е подобро за слабеење отколку вежбањето сила. Сепак, тоа не е вистина.
Знаеме дека секојдневната прошетка може да го подобри нашето здравје, а вежбањето е пожелно за сите оние што сакаат да ја подобрат својата кондиција, меѓутоа, не сите вежби создаваат ист ефект.
За оние што сакаат да ослабат, можеби мислат дека кардио тренингот е вистинскиот избор. Но, иако е важно да го вклучите, тоа не е златен билет за губење на тежината. Всушност, сега се верува дека вежбањето со тегови е многу покорисно за оние што сакаат да го намалат својот струк.
Тренерот Ривер Харди рече дека еден од најголемите митови во фитнес индустријата е дека кардиото е подобро од вежбањето со тегови, кога всушност, кревањето тегови значи дека вашето тело подолго ќе согорува маснотии.
„Кардиото има свое место во рутината за вежбање, но тоа е помалку важно од тренингот за сила. Кардиото е одличен метод за согорување на дополнителни калории за да ги задржите на поголем дефицит, но најважниот дел од секоја рутина за вежбање е кревањето тегови“ рече тој.
Додаде дека тренинзите со тегови треба да бидат основата на вашата програма и советуваше дека три сесии за тренирање со тегови од 45 минути, проследени со 15 минути кардио после тренингот се одлична почетна точка.
„Зајакнете се со тегови и сепак ќе согорувате калории исто како што правите со кардио, но како придобивка ќе го промените обликот на мускулите и вашето тело. Нешто што кардиото нема да го направи“, објасни.
Според Healthline, тренинзите со отпор и тежини се „поефикасни од кардио во градењето на чиста мускулна маса, а мускулната маса согорува повеќе калории во мирување отколку другите ткива, вклучително и мастите“.