Женската хокеарска репрезентација на САД го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, победувајќи ја Канада со 2:1 по продолжение.
Ова беше четврти пат по ред САД и Канада да се сретнат во финалето.
Швајцарија го доби натпреварот за третото место, исто така по продолжение против Шведска со 2:1.
Швајцарската женска репрезентација на тој начин го освои својот прв олимписки медал по 12 години.