Останати спортови

Жена се повлече од настапот на Австралија Опен

Жена се повлече од настапот на Австралија Опен

Кинеската тенисерка Кинвен Женг,  која беше финалистка на Австралија Опен во 2024 година, донесе одлука да не настапи на претстојниот Грен-Слем турнир во Мелбурн.

Женг, која моментално е рангирана меѓу најдобрите ВТА тенисерки во светот, објави дека поради кондициски проблеми и советите на својот тим, не се чувствува целосно подготвена за натпреварување на највисоко ниво.

Таа искрено изрази разочарување што нема да може да го започне новиот тениски циклус годинава, особено поради тоа што токму Мелбурн ѝ донесе неколку од нејзините најдобри резултати во кариерата и каде ја оствари првата победа на големите турнири.

To top