Лејсон Зеќири даде свој придонес во многу важниот триумф на гостински терен во Даблин, каде бевме подобри од репрезентацијата на Ирска со 88-76, за втора победа на почетокот на претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.
„На почетокот, мечот не беше на наша страна заради цврста игра на ривалот. Но брзо се адаптиравме и дадовме одговор. На крајот од втората четвртина поведовме, а потоа продолживме по тој пат.
Третиот период имаше добар „проток на топка“, добра одбрана, лесни поени во напад и потоа успеавме да ја изградиме разликата која ни ја донесе победата.
Со овие две победи 90% си завршивме работа, но не значи дека ќе се опуштиме. Ќе работиме да ги добиеме и тие дуели, кои на хартија можеби се полесни“ – потенцираше Зеќири по зарпувањето на средбата во Даблин.