Од редовите на Формула 1 тимот на Заубер информираа дека потпишаа договор со 20-годишниот Бразилец, Габриел Бартолето кој пристигнува како втор возач.
Бартолето во болидот на Заубер ќе седне од наредната сезоната, а клубот потврди и дека се разделуваат со Валтери Ботаз и Кинезот Жоу Гуанја.
Договорот на двајцата истекува на крајот на сезонава и истиот нема да биде продолжен.
„Сведоци сме на промена на генерациите во Формула 1. Сакаме млади возачи кои ќе можат да постигнуваат големи резултати“, изјави првиот човек на Заубер, Гернот Доелнер.