Останати спортови

Загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Во вторникот телото на американски државјанин (54) било пронајдено во областа Орлово гнездо во Брезовица, Косово, а светските медиуми објавија дека станува збор за познатата поранешна скијачка Кетрин Ригби.

Албанските медиуми првпат јавија за смртта на Ригби во средата, а како што се наведува, несреќата се случила по снежна лавина.

И покрај тоа што во пријавата не беше наведено точното име, нејзините блиски ја информираа јавноста за трагичниот настан заедно со неколку нејзини фотографии на социјалните мрежи.

Во извештајот на магазинот „Backcountry“, уредникот Адам Хауард истакна дека популарната Каша отелотворува слободен дух.

To top