Седумгодишниот Сид Вејер доживеа тежок пад на тренингот во монимотоциклизам и тоа за време на затворниот тренинг на една картинг патека на 22 декември.
Вејер имал сериозни повреди на главата, поради што бил пренесен во болница, каде му биле направени неколку сериозни операции поради тешките повреди на главата.
За жал, на крај Вејер не успеа да се спаси и подлегна на повредите. Само пред три месеци, односно во октомври 2024 година, седумгодишниот Сид стана шампион на Холандија меѓу јуниорите во А класата и за него се предвидувало дека треба да има одлична кариера.
„Сиде, многу се бореше посе тоа што се случи, но за жал, оваа тешка и комплицирана битка не можеше да ја добиеш. Многу сум горд што сум твој роднина и никогаш нема да ги заборавам златните моменти кои ги поминавме заедно. Никогаш нема да те заборавам тебе како личност“, порача Колин Вејер за својот починат роднина.