Македонскиот одбојкарски шампион во машка конкуренција, Струмица, го засилува тимот за настапите во европските купови оваа сезона.
Струмичани потврдија дека украинскиот примач Роман Волков кој настапуваше за екипата на Борец, ќе биде засилување за нашиот првак во натпреварите од Лигата на шампионите.
Струмица ја очекува двомеч со Олимпијакос (Грц) во 1. коло од квалификациите во ЦЕВ лигата на шампионите и за таа цел освен репрезентативците Маџунков и Илиев кои ќе играат за тимот следната сезона, управата се реши да го доведе Роман Волков, а најверојатно и репрезентативното либеро, Дарко Ангеловски.
Ангеловски, исто како и Волков ќе го облече дресот на шампионот за настапите во европските купови.
Струмица на 17 септември од 19 часот ќе го одигра првиот меч со силниот состав на Олимпијакос во салата „Парк“ во Струмица, додека реваншот е закажан за 24 септември во Атина.