Останати спортови

Во Париз свечено отворени Параолимписките Игри 2024

Во Париз свечено отворени Параолимписките Игри 2024

Церемонијата на отворањето на Параолимпијадата во Париз се одржа во центарот на француската престолнина каде ќе учествуваат 4 400 спортисти од 184 делегации.

Македонија ќе ја представува Оливера Наковска – Бикова која ќе се натпреварува во стрелање.

Церемонијата на отворањето на Параолимписките игри почна на плоштадот „Конкорд“ и авенијата „Шанзелизе“ во кореографија на Швеѓанецот Александар Екман.

Како и со Олимписките игри, церемонијата на отворањето на Параолимписките игри по првпат се одржува надвор од стадион во француската престолнина.

Син, бел и црвен чад, според боите на француското знаме, беше испуштен од авионите на акробатската единица на француската авијација, пред спортистите да го почнат своето дефиле.

Во текот на денот во Париз пристигна параолимпискиот факел кој мина низ улиците на главниот град на Франција, а меѓу носителите на факелот беше и актерот Џеки Чен.

Француските спортисти, меѓу кои Сирена Самба-Мајела и Рјад Салем, го запалија факелот во присуство на околу 500 луѓе.

Претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Ендрју Парсонс, верува дека Париз ќе ги спроведе „најспектакуларните параолимписки игри досега“.

 

To top