Останати спортови

Влатери Ботас се враќа во Мерцедес

Влатери Ботас се враќа во Мерцедес

Финскиот возач Влатери Ботас ќе се врати во Мерцедес следната сезона како резервен возач на екипата, откако на крајот на годината го напушта Заубер.

Ботас се враќа во Мерцедес, со кој победи на 10 трки и имаше 20 пол-позиции, а му беше и тимски колега на Луис Хамилтон од 2017 до 2021 година.

За Мерцедес следната сезона ќе возат Џорџ Расел и 18-годишниот Италијанец Андреа Кими Антонели.

„Среќен сум што се враќам во семејството на Мерцедес како трет возач за 2025 година“, кажа Ботас.

To top