Кошаркарската репрезентација на Франција со многу тешкотии дојде до победа против селекцијата на Јапонија на Олимписките игри со резултат 94:90 по продолженијата, а освен возбудливата средба, дуелот меѓу највисокиот и најнискиот кошаркар на ОИ привлече особено внимание.
Французинот Виктор Вембањама и Јапонецот Јуки Тогаши на теренот еден до друг станаа атракција, а фотографијата е вирална на социјалните мрежи.
No edits, just 55 centimetres of height difference between these two 😳#Paris2024 x #Basketball pic.twitter.com/isetDmUK6G
— FIBA (@FIBA) July 30, 2024
НБА асот е висок 2,22 метри, додека Тогаши е висок само 1,67 метри и неколку фотографии од нивните дуели изгледаат апсолутно неверојатно со оглед на разликата од 55 сантиметри.
France center Victor Wembanyama (7’4″) and Japan guard Yuki Togashi (5’4″) pic.twitter.com/gGG7qfkqzx
— Ben Golliver (@BenGolliver) July 30, 2024