Останати спортови снукер

Викендов во Скопје беше спуштена завесата на државните првенства во снукер

Снукер федерација

Викендов во Скопје беше спуштена завесата на државните првенства во снукер

Викендов завршија државните првенства во снукер со чинот на свеченото проглласување на шампионите и доделување на победничкиот пехар.

Од оваа година првенството беше поделено во А и Б дивизија, што донесе концентрација на квалитетни мечеви. Во досега невидено „сценарио“ на државното првенство во А-дивизијата, каде што се играа четири турнири, по третиот од нив ситуацијата на табелата беше изедначена меѓу трикратниот шампион Берат Јашари и предизвикувачот Петар Панов.

На последниот турнир, Панов во полуфиналето беше поразен од Владо Матоски, додека Јашари стигна до финалето и со нова победа ја завери четвртата титула. Дополнително, Јашари оваа година го освои турнирот „6 црвени“ кој се игра во отворена конкуренција.

Куриозитет на сезоната во снукер е дека во младинското првенство двајца браќа се најдоа на првото и второто место, Теодор и Марко Величковски, а токму Теодор ја дополни својата најуспешна играчка сезона и со триумф во Б-дивизијата, па од идната сезона ќе игра во „елитното друштво“. Зад нив се најдоа Михаил и Теодор Спировски, исто така браќа, кои имаа најголем напредок во младинската конкуренција.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Најдобрите претставници играа на Европското првенство во Босна, каде што Влатко Јанев ја забележа и првата победа за Македонија, а со меѓународна лиценца се стекна и судијата Мартин Петрушевски. Судијката Ана Србиновска успешно полагаше за второ ниво на меѓународната лиценца, со што сега е во можност да суди и на финале од Европски првенства,

To top