Македонската теквондиска Милјана Рељиќ забележа неверојатна победа во првото коло од теквондо турнирот на Летните олимписки игри во Париз.
21-годишната Македонка ѝ подготви големо изненадување на двократната олимписка шампионка Џејд Џонс. Британката беше голема фаворитка, но Рељиќ не се исплаши од предизвикот и со херојска борба стигна до историска победа. Клучен момент во борбата беше нејзиниот удар во главата на Џонс, кој ѝ донесе поени доволни за победа во првата рунда.
Клучниот удар на Рељиќ против Џонс: