Новак Ѓоковиќ се пласира во второто коло од тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз. Српскиот ас со 2-0 во сетови, го демолираше Австралиецот Метју Ебден, кој пак во знак на немоќ проба да го понижи најтрофејниот на сите времиња.
При резултат 1-0 во вториот сет за Ѓоковиќ, Ебден се реши за сервис од рака. Сепак, Ноле беше подготвен на тоа, ја стигна топката и поентираше за брејк и водство од 2-0.
„Лудилото“ на Австралиецот не заврши тука, откако во продолжение на публиката им го нудеше својот рекет алудирајќи на тоа дали сака некој друг да го заврши натпреварот место него.
Nole, gazi ga pic.twitter.com/JkVDlnw78N
— Pravim se Englez u stvari sam Rumun (@dar57598) July 27, 2024