Поранешниот истакнат македонски репрезентативец, но и долгогодишен спортски менаџер, Коста Хиохи е нов претседател на Веслачката федерација на Македонија.
На Редовоното изборно собрание на Веслачката федерација, избран е м-р Коста Хиохи кој е долгогодишен спортски работник и селектор на македонскиот национален тим, сега преземајќи ја и функцијата прв човек на федерацијата.
„Благодарам за едногласната поддршка од сите делегати на собранието за преземање на раководството на федерацијата. Во иднина може да ветам дека ќе следат сериозни организациски промени на овој спорт со формирање подготвителни центри во Охрид и во Струга и максимална соработка со интернационалните веслачки федерации како и со Министерството за спорт како и Македонскиот олимписки комитет“ – истакна Хиохи по изборот за нов претседател.