Американската тенисерка Венус Вилијамс, најави дека ќе се врати на теренот во март следната година на ВТА турнирот во Индијан Велс, пренесуваат американските медиуми. Вилијамс (43) се опоравува од повредата на коленото.
Таа се повреди на натпреварот од првото коло на Вимблдон против Елина Свитолина.
“Во текот на летото играв со повреда, речиси никој не го знаеше тоа. Не сакав да го пропуштам САД Опен. Бев елиминиран во првото коло на турнирот во Њујорк, а потоа решив да не играм до крајот на годината, затоа што му дадов шанса на моето колено да заздрави“, изјави Вилијамс на нејзиниот канал на YouTube.
Американската тенисерка најави дека ќе го пропушти првиот дел од следната сезона, бидејќи планира да се врати на теренот во март. Таа истакна дека очекува настап на турнирот во Индијан Велс кој е закажан од 6 до 17 март следната година