Останати спортови

Велес ќе биде домаќин на над 200 кајакари на Европскиот куп на диви води

Велес ќе биде домаќин на над 200 кајакари на Европскиот куп на диви води

Градот Велес во недела на 6 април ќе биде домаќин на второто коло од Европскиот куп во кајак на диви води – дисциплина спуст. Организаторите потврдија дека Велес ќе биде домаќин на над 200 кајакари од цела Европа, кои ќе се борат за нови бодови на европските ранг-листи.

Ова е еден од најзначајните меѓународни спортски настани во регионот, продолжувајќи ја традицијата на претходните Балкански првенства и Светски купови што се организираа во изминатите две години.

Меѓу натпреварувачите кои го потврдија настапот во Велес се кајакари од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Грција, Турција, Бугарија и домаќинот Македонија. Тие ќе се натпреваруваат во шест дисциплини во две категории – јуниори и сениори.

Првите квалификациски трки в недел аќе стартуваат во 9.30 часот, во 11.30 ќе биде второто возење, за највозбудливиот дел од денот да биде финалната трка, која започнува во 14:30 часот, кога ќе излезат најдобрите 15 финалисти во секоја категорија.

To top