Славниот италијански ватерполо клуб Про Реко е пред згаснување откако долгогодишниот сопственик Габриеле Волпи одлучи да се повлече од клубот.
Претседателот на клубот, Маурицио Фелуго, во интервју за медиумите во Џенова најави дека ќе следи целосно ресетирање на целиот тим и организација, па бидејќи останаа без спонзор – ќе мора да се обратат само кон играчи од помлади категории.
Сите играчи се слободни да изберат нова средина, бидејќи буџетот е значително намален, особено затоа што потрагата по нов спонзор не оди најдобро. Затоа речиси сигурно нема да играат во Европа следната сезона.