Останати спортови

ВАДА: Јаник Синер се уште е под истрага

ВАДА: Јаник Синер се уште е под истрага

Светската антидопинг агенција се уште не донела конечна одлука за случајот со Јаник Синер, откако Италијанецот двапати беше позитивен на забранетата супстанца клостебол.

Претходно „Кориере дела сера“ објави дека ВАДА и Италијанската антидопинг агенција (НАДА) одлучиле да не ја обжалат одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТИА), пред Судот за арбитража во спортот во Лозана.

Во соопштението доставено до Адам Адикот, уредник на англиската верзија на веб-страницата „Убитенис“, се наведува дека истрагата за „случајот Синер“ се уште е во тек.

„Конечната одлука не е донесена“, се вели во соопштението, со додавање на членовите од Светскиот анти-допинг кодекс, кои наведуваат до кога треба да се донесе конечната одлука.

 

To top