Останати спортови

Утврдени се предлог измените во Законот за спорт за директна државна помош во спортот

Утврдени се предлог измените во Законот за спорт за директна државна помош во спортот

Владата на 204. седница го разгледа и утврди текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за спорт, предложен од Министерството за правда.

Предлог измените на Законот за спортот се однесуваат на обезбедување финансиски поттикнувања по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти, коишто имаат решение за вршење дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати, како во домашни рамки така и на меѓународно ниво.

 

Поврзани теми

To top