Утре започнува елитниот таекводно турнир во Скопје.
Г1 ранг турнир кој е дел од официјалниот календар на светската таеквондо асоцијација и носи бодови за олимписка норма.
Можеби наголемиот спортски настан годинава во државата.
Скопје во наредните 2 дена ќе биде домаќин на СВЕТСКИОТ ТЕКВОНДО ВРВ.
Во главниот град ќе дојдат над 700 натпреварувачи од повеќе од 50 држави, голем број олимписки и светски медалисти.
Дејан Георгиевски се бори во недела, а покрај Георгиевски, Македонија ќе биде претставена од уште 20 теквондисти.
Големата бројка на македонски теквондисти кои ќе се претстават пред македонската публика, како и самата организација на овој ЕЛИТЕН ТЕКВОНДО ТУРНИР е потврда за крупните чекори што ги прави Македонската теквондо федерација за популаризација на овој олимписки спорт.
ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ СИТЕ МАКЕДОНСКИ ТЕКВОНДИСТИ НАРЕДНИТЕ 2 ДЕНА ВО „ЈАНЕ САНДАНСКИ“.