Боксерскиот блокбастер во Ријад ги задоволи сите големи фанови на боречките вештини, бидејќи Александер Усик и Тајсон Фјури режираа вистински спектакл во 12-те рунди кои ги издржаа во рингот.
Борбата во која во игра беа сите четири појаси во тешка категорија значеше дека ќе добиеме прв неприкосновен светски шампион после 24 години, а на крајот испадна дека тоа е Украинецот Усик кој победи со поделена одлука на судиите.
Двајца судии му дадоа предност на Украинецот, а само еден му даде повеќе бодови на Фјури, по што стана јасно дека „Џипси Кинг“ за првпат во својата професионална боксерска кариера претрпува пораз.
По 34 победи и едно реми, Фјури првпат ја почувствува горчината на поразот во својата 16-годишна кариера, а главна причина за тоа е импресивната серија која ја имаше ривалот во деветтата рунда.
Usyk 𝐃𝐑𝐎𝐏𝐏𝐄𝐃 Fury on his way to glory 😱#FuryUsyk | #RingOfFire | #RiyadhSeason | @Turki_alalshikh | @usykaa pic.twitter.com/V0X50yCKv3
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) May 18, 2024