Жак Фрајтаг од Јужна Африка, кој во 2003 година ја освои титулата светски шампион во скок во височина, загина на 42-годишна возраст.
Според новинските извештаи од Јужна Африка, телото на Фрајтаг било пронајдено со повеќе прострелни рани две недели откако исчезнал.Полицијата случајот го третира како убиство.
Поранешниот светски шампион е пронајден во локва крв на тревникот во западниот дел на Преторија.
Последен пат бил виден како излегува од куќата на неговата мајка со непознат маж, а набргу потоа бил пријавен за исчезнат.На 17 јуни, сестрата на Фрајтаг, Криси Луис, ја повика јавноста да помогне да се најде нејзиниот брат, кој исчезна откако ја напушти куќата на неговата мајка.
Таа рече дека нејзиниот брат се борел со зависност од дрога. Како исклучителен спортист, Фрајтаг беше еден од ретките спортисти кои освоија светски титули на У18, У20 и сениорско ниво.