Останати спортови

Турниот од Белград на Ѓоковиќ го сели во Атина

Турниот од Белград на Ѓоковиќ го сели во Атина

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, е во напредни преговори со Панатиаикос во врска со организацијата на АТП турнир.

Како што објави грчката „СДНА“, турнирот од серијата АТП 250 треба да се одржи од 2 до 8 ноември во атинската „ОАКА Арена“.

Грчките медиуми пишуваат дека главна цел на јунската посета на Ѓоковиќ на грчката престолнина била префрлање на АТП турнирот од Белград во Атина.

„Како што е познато, односите на Новак со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беа нарушени по трагедијата во Нови Сад и поддршката на 38-годишниот тенисер за протестите против режимот. Поради ова, семејството на Ѓоковиќ ги виде и модерните можности на арената ОАКА“, пишува „СДНА“.

За сè беше информирана и Евролигата, со цел да се организира Панатинаикос да игра во други сали во текот на ноември додека трае турнирот.

To top