Останати спортови

Тур де Франс во 2027 година ќе стартува во Шкотска

Тур де Франс во 2027 година ќе стартува во Шкотска

Шкотска, Велс и Англија се држави низ кои е се вози најпознатата велосипедска трка во светот, Тур де Франс во 2027 година. Градот Единбург во Шкотска ја доби честа да биде градот од којшто ќе започне трката која има повеќе од 100-годишна традиција.

Ова нема да биде првпат Тур де Франс да се вози на тлото на Велика Британија. Етапи од трката се возеа во 1974 година, 1994, 2007 и 2014 година.

Организаторите на Тур де Франс започнаа веќе традиционално, стартот на трката за да биде во некој европски град надвор од Франција.

Минатата година трката стартуваше од Фиренца во Италија, следната година почетната точка ќе биде во Барселона, а во 2027 година ќе дојде редот и на Единбург да биде местото од каде што ќе стартува најпознатата велосипедска трка во светот.

To top