Сумата која француската престолнина ја потроши досега за да ги организира Летните олимписки игри се приближува до 9 милијарди евра.
-Нашата цел не е нужно да оствариме профит. Секогаш сме настојувале да го трошиме тоа што го заработуваме. Сакаме да организираме незаборавни игри и да го постигнеме тоа со избалансиран буџет. Ова е наша задача. Оставивме мал тампон и се надеваме дека нема да мора да го искористиме, за на крајот да завршиме во позитива, но сигурно сумата нема да биде значајна, прокоментира извршниот директор на организацискиот одбор Париз 2024, Етјен Тобоа.
Зголемувањето на планираните трошоци дојде од додавањето на дополнителни сили за обезбедување безбедност за време на Олимпијадата.
Над 80.000 полицајци, жандармерија, војска, приватно обезбедување, вклучително и униформирани сили од странство, беа ангажирани за следење на зачувувањето на јавниот ред околу Игрите (26 јули – 11 август).
Дополнителни средства беа доделени и на работниците во јавниот транспорт и на оние кои работат во некои служби во јавниот сектор за да се избегне заканата од можни штрајкови.