Останати спортови Формула 1

Трката во Монтреал ќе остане во календарот до 2035 година

Трката во Монтреал ќе остане во календарот до 2035 година

Трката за големата награда на Канада во Монтреал ќе остане во календарот на Формула 1 до 2035 година, откако се договори за четиригодишно продолжување на постојниот договор, соопшти Формула 1, објави агенцијата „Ројтерс“.

Гранпри-трката одржана во минатиот викенд на патеката „Жил Вилнев“ беше 54-то издание, откако првпат се појави во шампионатот на Формула 1 во 1967 година. Патеката во Монтреал, именувана по великанот на Ферари и татко на светскиот шампион од 1997 година, Жак Вилнев, стана постојан домаќин на трка во Формула 1 во 1978 година.

Претходното продолжување на договорот на трката беше до 2029 година, но две од тие години (2020 и 2021 година) беа за време на пандемијата на коронавирусот, кога трка во Формула 1 не се одржа и договорот беше продолжен до 2031 година.

Трката во Монтреал в година ќе се одржи порано од претходно, со нов термин на 24 мај, откако ќе се замени со Монако и ќе се усогласи поблиску со трката во Мајами, пишува „Ројтерс“

To top