Трката за Големата награда на Монако останува во календарот на Формула 1 пампионатот.
Иако имаше најави дека можеби нема да се вози во иднина во Монте Карло, тоа засега нема да се менува.
Директорите на трката во Монако се договорија со Формула 1 и потпишаа продолжување на договорот до 2031 година.
Оваа година навивачите во Монте Карло по долго време дочекаа свој „домашен“ возач да победи бидејќи најбрз беше Шарл Леклер. Во 2025 година ќе се одбележи јубилеј и 75 годишнина на оваа патека.