Останати спортови

Триумф за Верстапен по четири месеци во Ф1

Триумф за Верстапен по четири месеци во Ф1

Актуелниот првак Макс Верстапен ја запиша својата третa победа сезонава во Формула 1, со триумф на легендарната патека „Монца“ во рамки на трката за ГН на Италија.

За актуелниот светски шампион ова беше прв успех по речиси четири месеци, од мајската трка во Имола.

Тој победи со убедливи 19,2 секунди пред Ландо Норис. Британецот повторно беше во центарот на внимание поради контроверзна тимска наредба во редовите на Мекларен.

Неговиот тимски колега Оскар Пијастри успеа да го престигне во завршницата, благодарение на побрзо застанување во боксот, но од тимот веднаш наредија враќање на позициите.

Пијастри, иако незадоволен, ја почитуваше инструкцијата и го пропушти Норис, завршувајќи како трет.

Во генералниот пласман Оскар Пијастри останува лидер, иако неговата предност се стопи за три поени во однос на Норис. Австралиецот сега има 31 бод повеќе од својот тимски колега, додека Верстапен со денешниот триумф го намали заостанувањето и се наоѓа на третата позиција со пасив од 94 поени

To top